Кариерата на Никола Груевски, поранешниот премиер на државата и поранешен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, во високата политика, започна во 1999 година.
Тогаш Груевски е назначен за министер за финансии на местото на Борис Стојменов во владата на Љубчо Георгиевски.
По иницијатива на Груевски се интензивира процесот на денационализација на национализираниот имот во периодот 1945-1990.
Има имплементирано финансиски реформи меѓу кои воведување на данокот на додадена вредност (ДДВ), воведувањето на фискалните сметки, кампањата „Купувајте македонски производи“, брендирана преку логото со насмеано сонце.
По повлекувањето на дотогаш неприкосновениот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Љубчо Георгиевски, во 2004 година, Никола Груевски со голема поддршка од Георгиевски, застанува на чело на партијата.
ВМРО-ДПМНЕ победи на парламентарните избори во 2006 година. На 25 август Груевски ја формираше новата Влада, во која клучните министерства ги зазедоа лица на возраст од 30-тина години.
На предвремените парламентарни избори во 2008 година, победила коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, што беше нивна втора изборна победа по ред, добивајќи повеќе од половина од пратеничките мандати во Собранието на РМ. Тој потоа, направи коалиција со Демократската Унија за Интеграции, коалиција која владееше до 2017 година.
Во мандатот на Груевски се воведе концептот на рамен данок, а обемот на странски инвестиции во периодот 2007–2014 бил 277 милиони евра по година. Просечниот економски развој во периодот 2007–2013 изнесувал 2,6%, додека невработеноста се намалила од 36% во 2006 на 28% во 2014.
Остварени се мерки за подобрување на бизнис-климата, поради што „Дуинг Бизнис“ во 2015 ја рангираше Македонија на 12. место во светот по тој критериум.
Во време на Груевски се вовело задолжително средно образование, и се отвориле два нови државни универзитети и над 20 државни факултети. Неговиот предлог за воведување „државен испит“ на факултетите предизвикал масовни студентски протести кон крајот на 2014, бидејќи студентите сметале дека власта ја загрозува универзитетската автономија.
Никола Груевски четири години не е во Македонија, но сепак, секое споменување на неговото име, во јавноста предизвикува различни реакции.
На социјалните мрежи се појави фотографија како движи сам во Будимпешта. Фотографијата е направена веројатно од лице кое седи во кафе бар, а во тој момент минува Груевски, кој како што може да се забележи ја променил фризурата.