Одлична вест: Во најава ново покачување на минималната плата

Никого нема да оставиме сам да се справува со последиците од економско-енергетската криза, оваа криза ќе ја пребродиме сите заедно,

порача на денешната прес-конференција претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски. Премиерот Ковачевски го презентираше новиот пакет антикризни мерки во вредност од над 350 милиони евра.

Во продолжение е интегралното обраќање на премиерот Ковачевски:

„Знам дека е недела, но ова се кризни времиња и сите ние, вклучувајќи ме и мене мора да делуваме соодветно, брзо и одлучно, затоа што пред нас е исклучително тешка зима и  мора секојдневно да се носат одлуки кои што ќе значат полесно справување со сите предизвици кои што ги имаме.

Премиерот Димитар Ковачевски денеска соопшти дека во првиот квартал од идната година повторно ќе има покачување на износот на минималната плата во државата.

-Идната година повторно нè очекува зголемување на минималната плата, бидејќи ја сменивме методологијата.

Сега влијае и зголемувањето на трошоците за живот и зголемувањето на продуктивноста, односно на БДП во државата, рече Ковачевски, одговорајќи на новинарски прашања.

Премиерот рече дека со стопанските комори се разговара многу отворено околу кризата и начините на кои Владата се обидува да им помогне на компаниите да ја пребродат.

-Сега не е време за финансирање профитабилност, сега е време за финансирање опстанок, како на компаниите, така и за загрижување на најранливите категории, рече премиерот на прес-конференцијата, откако соопшти дека Владата усвоила нов пакет антикризни мерки, вреден 350 милиони евра.

Да потсетиме, министерката Тренчевска пред некој ден најави и покачување на минималната пензија.

Одговарајќи на новинарско прашање за барањата на пензионерите минималната пензија да изнесува 20.000 денари, рече дека в година ќе се одлучува колкава да биде минималната пензија.

„На состанокот кога го креиравме моделот за усогласување на пензиите, зборувавме со претставниците на Сојузот на пензионерите дека време е во 2023 година да почнеме да разговараме за систем на минимална пензија,

како што имаме и минимална плата, меѓутоа колкава ќе биде зависи од анализите што треба да се направат во меѓувреме и секако во дијалог со Сојузот на пензионерите. Време е да се размислува за минимална пензија“, рече министерката Тренчевска.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде