Тасевски: Шокантно! Пред две минути новинската агенција Татарпрес објави дека Путин стои зад кршењето на таблата на нациклубчето со името на собарката на Хитлер

Фејсбук статус на актерот Сашо Тасевски:

Шокантно!!!

Пред две минути новинската агенција Татарпрес објави дека Путин стои зад кршењето на таблата на нациклубчето со името на собарката на Хитлер

Еве како дошло до кршењето?

Вчера морничав авион без пилот прскал над Охрид и езероно.

Убоо ги запрашил Охриѓани со опасниот агенс Јокбурдабугарин кој го добил од Ердоган како подарок за роденден.

Кај запрашените од овој агенс се јавува страшна дијареа со експлозивни урагански прдежи кои имаа антифашистичка активност.

Значи кога запрашените поминуваат покрај некое фашистичко обележје, веднаш се активира отровот во нив и почнуваат оние урагански празнења кои лесно можат да демолираат наци табли и клубчиња.

Ова доаѓа како одмазда на Путин кон Бугарија поради наводната вмешаност во рушењето на Кримскиот мост за која Путин вели дека има докази.

Дејството на агенсот Јокбурдабугарин ќе има и други психички нус појави кај охриѓани во вид на нерационално однесување.

На пример другото лето да нудат гратис смештај ако си за Путин или за едно пиво од петсто денари ќе ти нудат едно гратис. Скопјани пак, за едно купено пиво ќе добијат и ваучер за еднонеделно крстарење со пентана на Климета.

Опасен агенс.

Крајно бугарозагрозувачки од една страна и многу туристички атрактивен од друга, напиша Тасевски на фејсбук.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде