УБАВИ ВЕСТИ: Лидл вработува 150 луѓе од Македонија!

Премиерот Димитар Ковачевски и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи денеска се сретнаа со претставници на познатиот меѓународен малопродажен синџир „Лидл” – како од Националниот тим, така и со претставници на Меѓународниот управен одбор.

На средбата, премиерот Ковачевски изрази задоволство што „Лидл” интензивно работи на подготовките за отпочнување ефективна работа во нашата земја и веќе има вработено 80 лица,

а оваа бројка дополнително ќе расте, посочувајќи дека нашата земја има поволни услови за инвестиции и ова, како што рече, е пример што треба да го следат и други странски компании.

„Лидл” веќе има идентификувано потенцијална локација за својот логистички центар, на земјиште кое е околу 200.000 м2 и се наоѓа во Општина Куманово.

Инвестицијата само во логистичкиот центар е околу 80 милиони евра и вклучува намера да се обезбедат повеќе од 150 вработувања.

Во оваа фаза на подготовка, „Лидл” веќе истражува различни начини за поддршка на локалните производители. Компанијата организираше извоз на македонски земјоделски производи во мрежата „Лидл” во соседните земји.

И ова е само еден пример од целокупното партнерство на „Лидл” со добавувачите и производителите кое е насочено кон докажување на секојдневната поддршка и соработка како доверлив партнер во бизнисот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде