Убави вести од Владата до една група граѓани – проверети си ги сметките!

Министерството за труд и социјална политика ја известува јавноста дека согласно направените измени на Законот за социјална заштита од денеска во тек е исплатата на еднократна помош.

Помош ќе биде исплатена на околу 36.000 домаќинства во државата кои се приматели на Гарантирана минимална помош со цел полесно справување со кризата.

-Оваа мерка е дел од последниот ребаланс на Буџетот, каде е предвидена еднократна исплата од 3000 денари за домаќинствата кои се активни корисници на правото на ГМП за месеците март, април и мај.

За оваа цел одделени се скоро 40 милиони евра од страна на Владата на Република Северна Македонија, информираат од Министерството за труд и социјална политика.

Оттаму велат дека за Владата и за Министерството за труд и социјална политика грижата за граѓаните со фокус на ранливите категории останува приоритет.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде