(видео) Фуркан и Софијанова во жестока расправа: Директорката си додавала дежурства за поголема плата!?

Новинарот на „Клан Телевизија“ Фуркан Салиу објави видео со кое покажува како директорите ја злоупотребуваат својата позиција со дежурствата:

Во видеото Фуркан води разговор со директорката која видно изнервирана се обидува да дознае од каде стигнал до тие информации.

„Седум години сум во оваа професија, прв пат некој ги повика моите родители да вршат притисок за материјал да не биде објавен.

Да не спомнувам десетици закани од директорот за тужба.

Наша работа е да бараме, да верификуваме или демантираме нешто, но од видеото е јасно дека директорот повеќе се обидува да разбере од каде ги добивме документите отколку да одговори на дилемите кои произлегуваат од докумен

Директорке, не е фер да им се заканувате на работниците дека ќе ги отпуштите ако не го најдат лицето кое ни ги доставило документите.

Подобро би било ако се обидете да најдете одговори. Денеска пристигнаа новинари, утре можеби обвинителството…. ИТН“, објави Фуркан на својот Фејсбук профил.

Во продолжение погледнете го видеото:

Утре во централното издание на Клан Македонија ќе биде објавен материјалот за тоа како директорката Аспазија Софијанова го злоупотребува „старателството“ како средство за да добие голема месечна плата.

Од сите докази што ги обезбеди Клан Македонија, таа одбива да одговори на прашањата на новинарот, каде тој и се заканува со тужба.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде