Анета Наковска со порака до Фуркан Салиу: Убаво ќе биде да покаже иста храброст и за албанските граѓани кои земаат плата а никогаш не се појавиле на работа

Вистинска драма денеска се случуваше на Детската клиника во рамки на Клиничкиот центар мајка Тереза откако новинарот Фуркан Салиу ја фати директорката Аспазија Софијанова со рацете во медот.

Имено како што дознава Клан Македонија, Софијанова земала пари за дежурства, а притоа не се појавувала на работно место.

Откако беше соочена со фактите и со интерни документи од Клиниката, Софијанова имаше хистеричен напад и се закануваше и го навредуваше новинарот на Клан Македонија, Фуркан Салиу.

Софијанова земала повеќе пари за дежурства отколку што и е основицата на плата, но кавгата со директорката се случи откако и беше посочено дека земала плата, а не одела на дежурства.

Познатата пејачка Анета Наковска ја сподели информацијата за скандалот на Детската клиника со докторката Аспазија Софијанова и го

повика новинарот Фуркан Салиу да биде доследен и да ја покаже истата храброст за многуте албански граѓани кои земаат плата, а никогаш не се појавени на работа.

Оопааа!!! Убаво ќе биде ако овој новинар Фуркан Салиу има доблест да ја покаже истата храброст и праведност и за многуте Албански граѓани кои се вработени и си зимаат плата а на работа никогаш појавени…

Лека полека секој ќе си плати за се, добро е што почна од некаде…Само е прашање на време кога ќе се отвори Пандорината кутија…

Ќе биде страшно бидејќи премногу ужаси ќе излезат на виделина…ова е мачкина кашлица во однос на тие работи…, напиша Наковска на Фејсбук.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде