Maрионета, предавник, политичка пpоcтитyтка – Русите жестоко yдрија по Вучиќ!

„Марионета, пpедавник“; вака Русите го навредуваат српскиот претседател Александар Вучиќ поради осудата на анексијата на украинските региони. 

Неколку видни Руси го нападнаа Вучиќ. 

„Русите се многу лути на Вучиќ. Србија беше меѓу оние кои гласаа против Русија, а Вучиќ постојано ветуваше дека нема да воведува санкции кон Русија“, иронично напиша на својот Твитер профил еден од најжестоките пропагандисти на рускиот претседател Владимир Путин, Владимир Соловјов. 

Тој објави фотографија од српскиот претседател Александар Вучиќ како со наведната глава седи на столчето спроти тогашниот американски претседател Доналд Трамп во Овалната соба на Белата куќа, пишува „Јутарњи лист“.

Познатиот про-Кремљ воен аналитичар Јуриј Котенок, на својот Твитер профил напиша дека Србија во ОН гласала против Русија, „што значи дека Вучиќ е марионета и се заколна дека никогаш нема да воведе санкции кон Русија“.

И на крајот заклучува: „Дијагноза – политичка пpоcтитyтка!“.

Србија во Генералното собрание на ОН гласаше за осуда на Русија за анексија на четири украински региони – Луганск, Донецк, Херсон и Запорожје.

ЕУ веќе и забележува на Србија затоа што таа е една од ретките земји која не воведе санкции за Русија, по руската инвазија на Украина.

И во Србија дел од политичарите рекоа дека треба да изберат каде ќе се движат во идните 100 години и дека сега е полесно за разлика од порано да се каже „не“ на Русија. 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде