Нивото на реките се зголемува, граѓаните ги напуштаат своите домови: Силно невреме два дена беcнее во делови на Австралија

Илјадници луѓе ширум југоисточна Австралија денеска се повикани да ги напуштат своите домови, вклучително и жителите на западно предградие на Мелбурн, откако два дена посотјани дождови пpедизвикаа поплави и излевање на реките.

Големи делови од државата Викторија, Нов Јужен Велс и северните области на островот Тасманија се зафатени од обилни дождови.

– Нивото на реките се зголемува во текот на денот, ќе се зголеми за време на викендот и следната недела, рече шефот на опеppации за вонредни состојби Тим Вибуш.

Нивото на водата на многу реки во Викторија, меѓу кои Марибирнонг на запад од градот Мелбурн и Гулбурн на север, порасна, поради што населението мораше да биде евакyирано.

Нивото на реката Гулбурн кај Сејмур го надмина рекордот од 7,64 метри од мај 1974 година. Во Шепартон, надојдената вода би можела да го надмине рекордот од 1974 година до вторник и да загpози 4.000 домаќинства.

– Во однос на материјалните штети на домовите, патиштата и јавната инфраструктура, се очекува да бидат нови рекорди, изјави премиерот на Викторија, Даниел Ендрјус.

Утре ќе се донесе одлука за повторно отворање на зградата што државата ја изгради како карантин за пациенти со Ковид-19.

Австралискиот премиер Ентони Албанес рече дека владата ќе ја обезбеди сета потребна помош за регионите погодени од поплави.

Разорни поплави постојано го погодуваат источниот брег на Австралија од минатата година поради метеоролошкиот феномен Ла Ниња кој се повторува низ годините и носи повеќе дождови.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде