СИЛЕН земјотрес со интензитет од 4,9 степени по Рихтеровата скала утрово ја потресе Иркутската област во Русија

Земјотрес со интензитет од 4,9 степени по Рихтеровата скала утрово ја потресе Иркутската област во Русија.

Според првичните информации, засега нема причинети штети во потресот чиј епицентар се наоѓал десет километри под дното на Бајкалското Езеро.

Да потсетиме, доцна синоќа земјотрес бил регистриран во јужниот дел од Македонија.

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија денеска регистрираше земјотрес 135 километри југоисточно од Скопје кој потекнува од епицентралното подрачје Гевгелија – Гуменџа.

Според податоците со кои располага опсерваторијата, земјотресот се случил во 23 часот и 56 минути со

Рихтерова локална магнитуда 2.0 и интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала.

Земјотресот е почувствуван од населението во Богданци, Гевгелија и околината.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде