Новинарот Фуркан Салиу денеска ја продолжи приказната околу платата на директорката на Детската клиника Аспазија Софијанова, посебно за дежурствата за кои тврди дека ги не ги одработила, туку само ги наплатила.
Тој ја прашува доктор Софијанова како дежурала во периодот од 15 август до 15 септември, кога била во Словенија.
Нејзиниот одговор е „Дежурав од Словенија“, на што Салиу прикажува низа документи од дежурствата запишани од главната сестра и оние на кои се пишани повеќе дежурства за директорката.
Слична е состојбата прикажана во документите до кои „Клан“ стигна за пролетните месеци, кога иако кај Софијанова се регистрирани 32 часа дежурство, таа наплатила за 96.
Во април, пак, повторно на сметка ѝ легнал надомест за 96 дежурни часа, а всушност не била ни еден час, барем според документите кои тој ги прикажува.