Важна информација за земјоделците: Љупчо Николовски го претстави новиот метод на субвенционирање во земјоделството

Владата го менува системот на субвенции во земјоделството. Пари од државата земјоделците веќе нема да можат да земат без да прикажат дека оствариле производство.

Дел од субвенциите ќе се добиваат авансно за да може да се купат потребните материјали во пресрет на земјоделската сезона, а остатокот ќе го добиваат во неколку етапи во зависност од тоа колкаво производство имаат и дали производите му ги предале на овластен откупен центар.

Дополнителен бонус ќе добиваат оние земјоделци кои одгледуваат култури за кои државата смета дека имаат стратешко значење.

Министерот за земјоделство потенцираше дека вкупната сума која државата планира да ја потроши за субвенции нема да се намали Николовски потенцираше дека државата ќе ја зајакне и контролата за да се спречат злупотреби.

Порача дека во иднина сите земјоделски површини сателитски ќе се снимаат и на тој начин државата ќе контролира дали земјоделците кои земале пари од субвенции ја обработуваат површината и дали таа дава род.

Дека новиот модел за субвенционирање ќе ги даде очекуваните резултати говори и примерот со сончогледот кој оваа година како пилот проект го направивме на предложениот нов концепт, врзувајќи ја исплатата на субвенциите за сончоглед со остваррн принос и предавање на производството во домашни капацитети, поттикнувајќи го договорното производство.

На овој начин оваа година успеавме да го дуплираме производството на сончоглед од 6.000 на 12.000 тони токму поради договорното производство.

Договорното производство ја јакне и довербата меѓу земјоделците и откупувачите и само така можеме да имаме уште поголеми резултати во земјоделскиот сектор.

Со новиот модел се насочуваме кон стратешките приоритетни култури и тоа е всушност и основата на моделот, зголемено домашно производство предадено во домашни капацитети, за домашни потреби во време на ваква криза.

Леб, брашно, млеко и зејтин ќе има, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде