Вонредна вест: Починато лице пронајдено во касарната во Велес

Во Полициската станица Велес вчера било пријавено дека во канцеларија во касарната на Армијата во Велес бил пронајден починат  59 годишниот С.А. од Гевгелија, вработен во армијата.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, информира денеска портпаролот на СВР Велес,Ристе Самарџиев.

Тој појасни дека  извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес, а телото на починатиот,

по наредба на Јавен обвинител, било дадено на обдукција.


Слична содржина

24-годишен жител на Скопје вчера пријавил дека неколку лица го нападнале кај Бит-пазар, за неколку часа подоцна и самиот да биде уапсен поради агресивно однесување и навреди што ги упатил кон полицајци, соопшти МВР:

„На 11.10.2022 во 17.22 часот во Полициска станица Бит Пазар, Р.Р.(24) од Скопје пријавил дека околу 16.30 часот на подрачјето на Бит-пазар бил физички нападнат од неколку лица, од кои едно од нив употребило остар предмет.

Подоцна, околу 22.40 часот на подрачје на Бит-пазар, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Р.Р., затоа што агресивно се однесувал и упатувал навреди кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија“, се вели во полицискиот билтен.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава, додаваат од МВР.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде