Утре ќе има појава на утринска магла, а во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност.
Во следните денови ќе се задржи стабилно време со пораст на дневната температура, а утринската од понеделник наместа ќе се спушта под нулата.
Врнежи за изминатите 24 часа (во л/м2): 47 Крушево, 42 П.Шапка, 28 Скопје-Петровец, 27 Куманово, 25 Пожаране, Битола, 23 Маврови Анови, 22 Скопје-З.Рид, Тетово,
Ѓуриште, 19 Охрид, 17 Претор, Тополчани, Прилеп, 16 Лазарополе, 14 Штип, 10 К.Паланка, 8 Берово, 7 Гевгелија, 6 Демир Капија, Виница, 4 Дојран.
Времето денес (14.10.2022 год.): Oблачно, свежо и врнежливо време.
Наместа врнежите ќе имаат пороен карактер и ќе бидат проследени со засилен ветер. Во попладневните и вечерните часови ќе престануваат.
Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 16 степени.
Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Облачно, свежо и врнежливо со слаб сдо умерен југоисточен ветер. T= 14 °C, P= 982 hPa, U= 82 %, V= 3 m/s.
(Т- температура, P- притисок, U- релативна влажност, V- средна брзина на ветер)