Земјотрес ја стресе Македонија – ова се деталите

Доцна синоќа земјотрес бил регистриран во јужниот дел од Македонија.

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија денеска регистрираше земјотрес 135 километри југоисточно од Скопје кој потекнува од епицентралното подрачје Гевгелија – Гуменџа.

Според податоците со кои располага опсерваторијата, земјотресот се случил во 23 часот и 56 минути со

Рихтерова локална магнитуда 2.0 и интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала.

Земјотресот е почувствуван од населението во Богданци, Гевгелија и околината.


Слична содржина

Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди авганистанскиот град Фајзабад, главен град на североисточната провинција Бадакшан, изјави талибански претставник.

Агенцијата се повикува на изјавите на директорот на талибанската новинска агенција Бахтар, Абдул Вахид Рајан,

кој рече дека епицентарот на земјотресот бил областа Шагнан и дека земјотресот бил почувствуван и во други делови на покраината.

Авганистан беше погоден и од силен земјотрес во јуни, кога претставници на Обединетите нации објавија дека како последица на земјотресот загинале 770 лица,

додека талибанците проценија дека бројот на загинати е 1.150.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде