Во тешка соо6раќајна несpеќа што се случи утринава кај браната Ровни, кога минибус се сруши од карпа кај Ваљево, една жена заг ина, а повредените патници се извлекуваат.
Како што дознава Курир.рс, до несреќата дошло кога возачот на минибусот излегол од возилото за да го праша обезбедувањето на браната за преминување на браната Стубо – Ровни.
Според сознанијата и последните информации, повредени се дури 17 патници. На извлекување на повредените работат 6 пожарникари-спасувачи со две противпожарни возила.
Најверојатно, возачот не ја повлекол рачната сопирачка, па минибусот по стрмна карпа се придвижил и се превртел.
На местото на несреќата веднаш пристигнале сите служби за итна помош.