Бугарите во онлајн напад на македонските преродбеници – им ги менуваат биографиите!

Бугарските ботови забрзано работат периодов менувајќи на интернет се` што е македонско во бугарско. Имено по вчерашната објава на „Слободен печат“ во кој на денот кога Кирил Пејчиновиќ беше прогласен за светец на англиската верзија на интернет

енциклопедијата Википедија му беше сменет неговиот опис во тоа дека тој е Бугарин, денеска продолжуваат атаците и насилното менување на македонската историја на Интернет.

Ако се погледне во „историјата“ на промените на страницата посветена на Пејчиновиќ може да се забележи засилено менување на податоците од минута во минута, меѓу двајца уредувачи на популарната онлајн енциклопедија Википедија.

Мета на бугарските провокатори денес е просветителот Јоаким Крчовски, светите браќа Кирил и Методиј но и редица други личности од македонската историја и култура.

Во информациите објавени од страна на бугарските интернет ботови на англиската верзија на Википедија која сега е насилно изменета слично како и кај Пејчиновиќ,

за Крчовски стои дека тој е бугарски свештеник, учител и основоположник на модерната Бугарија. Според Википедија тој е една од историските личности кои низ времето се занимавале со промовирање и на раната бугарска ренесанса.

Слично како и за Кирил Пејчиновиќ, Јоаким Крчовски и светите браќа Кирил и Методиј се мета на новите напади од страна на бугарските ботови.

Па така за македонските просветители стои едноставно дека се тие Бугари.

Анализирајќи ги случувањата со бугаризацијата на се` она што е македонско кои ја вознемируваат јавноста историчарот Александар Литовски за „Слободен Печат“ вели дека сето тоа е дел од бугарската пропагандна машинерија.

Целата статија и фотографии на Слободен печат – ТУКА.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде