Не сме браќа со Македонците. Оваа порака ја испрати историчарот проф. Иван Илчев во интервју за новинарот на „24 Часа“ Георги Милков.
-Можам да разберам, но не можам да го оправдам отварањето на културни от клуб со името Цар Борис Трети, а притоа да се изненадиш дека ќе предизвика остра реакција. Тоа е како да фатиш куче за опашка и да се изненадиш кога ќе те касне, вели бугарскиот историчар Иван Илчев.
Запрашан, какво име би требало да добие еден бугарски клуб за тоа да биде „на сеопшта радост“, тој рече дека сеопшта радост нема да има, но нема дополнително да се заоструваат односите ако бил крстен „Мост“, „Братство“ и со некои други неутрални имиња.
Иако го посочи името „Братство“, и самиот Илчев смета дека е погрешен пристапот на Бугарија во инстистирањето на браќа и братство во РСМ. Се повика на примери, кога во 90-тите години на минатиот век останале разочарани оние кои верувале во бугарските легенди – дека од другата страна на границата живеат браќа, кои во првиот момент кога ќе се промени општествениот систем – ќе ракоплескаат и ќе се прегрнат со Бугарите.