Дали Жан Митрев се плаши? Имал специјално барање до судот за ИРЛ!

Докторот Митрев побара од судот да изрече привремена мерка за забрана за објавување на содржини поврзани со документарниот филм „Нечиста кpв”, а дополнително бара филмот и другите поврзани продукти да бидат избришани од интернет просторот.

Клиниката Жан Митрев и докторот Жан Митрев поднесоа тужба за клевета и навреда кон редакцијата на ИРЛ и новинарите автори на истражувањето „Нечиста кpв”

придружена со предлог за издавање на времена мерка која вклучува бришење на објавите и забрана за дополнително известување додека трае судскиот спор. Ваквите спорови до правосилност на пресуда често траат и повеќе години.

„Се забранува на тужените ИРЛ, Сашка Цветковска, Елена Митревска Цуцковска и Маја Јовановска на јутјуб каналот на првотужениот и на фејсбук профилот на првотужените да објавуваат содржини поврзани со веќе објавениот документарен филм насловен

како „Нечиста кpв” и „Специјално издание: Нечиста кpв”, како и да објавуваат нови содржини во кои што тема на обработка ќе биде работењето на тужителите и начините на лекувањето пациентите болни од КОВИД 19 за време на КОВИД пандемијата,

која мерка да се со важност до правосилно завршување на постапката”, се вели во предлог одлуката до Судот во тужбата по предлог на привремена мерка.

Барањето за ваква мерка заедно со тужбата пристигна минатата недела на 14 октомври петок, а рокот ИРЛ да испрати одговор по предлог мерката за забрана за известување истекува денес бидејќи законот предвидува три дена за одговор и по овие барања се одлучува експресно.

Правниот тим на ИРЛ обезбеден преку Здружението на новинари на Македонија денеска испрати одговор на тужбата по предлог времена мерка за забрана за објавување и бришење на содржини.

Секуловски: Барањето да се избрише „Нечиста кpв“ е апсурд и опасност

Извршниот директор на Здружението на новинари на Македонија Драган Секуловски вели дека барањето да се отстрануваат медиумски содржини не е само нелогично, туку и опасно.

Саливан: Не можеш да ја спречиш вистината, ако македонскиот суд забрани, ние ќе објавуваме секаде во светот

Дру Саливан, главниот и одговорен уредник и издавач на Меѓународниот проект за известување за органзиран криминал и корупција (OCCRP) чиј што центар е и ИРЛ, вели дека Судот не би смеел да се впушта во ваков тип на забрани, особено за сториите за кои се истражува и меѓународно.

Извор: ИРЛ.мк

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде