Полицијата во Пула ја доврши кривичната истрага против 48-годишен државјанин на Србија и 33-годишен државјанин на Босна и Херцеговина и утврди
сомнение дека сториле кривично дело особено тешка телесна повреда и дека тие заедно со 43-годишен државјанин на Македонија, сториле кривично дело недавање помош.
Имено, државјанин на Србија и државјанин на Босна и Херцеговина се осомничени дека на 12 октомври околу 16:50 часот пред продавница во населбата Перој физички нападнале 51-годишен маж и му нанеле тешки повpеди.
Откако го повредиле и виделе дека е во лоша здравствена состојба, не му пружиле помош, со што животот му бил во опаcноcт.
Утврдено е и дека државјанин на Босна и Херцеговина, откако повикал итна медицинска помош,
не ги почитувал упатствата што телефонски му ги дале вработените, додека македонскиот државјанин не преземал ништо за да го спречи нападот врз повpедениот.
На 14 октомври попладнето осомничените со кривична пријава се пpиведени од притворската единица на истарската полиција.
Извор: Слободен печат