Се огласи човекот кој беше приведен на бугарската граница: Ме погоди фактот што во една година моите другари по втор пат ме напуштија

Уапсениот основач на ВМРО во Бугарија: Не ме болеа лисиците, ме болеше тоа што ме оставија моите на граница – Каде отиде ВМРО..

Иван Соколов се огласи на Фејсбук. Во продолжение неговиот статус.

Почитувани пријатели,

Да Ви појаснам дека вчера на пат кон Пиринскана (Источна) Македонија на границниот премин Делчево,

а со намера да стасам на отварање на македонскиот културен Центар НИКОЛА ЈОНКОВ ВАПЦАРОВ, бев симнат од автомобилот од страна на бугарската границна полиција.

По еден час земање на податоци бев информиран дека ке бидам задржан 24 часа што И се случи. Денес на распитот во Софија се констатира дека

бугарската гранична полиција привела погрешен човек по што бев ослободан и безбедно се вратив во Р.Македонија

Јас бев спречен да учесвувам на настанот во Б Град.

Жалам сто се случи така, но ни најмалку не ме погоди тоа толку. Ме погоди фактот што во една година моите другари кои ме придружуваат по втор пат ме напуштија.

Првиот Пат на маршот на врвот Петлец И Сега повторно на граничниот премин Делцево.

Не ме здоболеа толку лисиците на моите раце, ниту мокрите премрзнати нозе во моите чизми на Петлец,коку што ме заболе гледајки ги во грб другарите кои те оставаат на гладите волци.

Ги гледаш И се прашуваш Каде ни отиде нашето ВМРО.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде