Австро-унгарскиот генерал Пиколомини го изгорел Скопје до темел, но ја зачувал неговата убавина на гравура во негатив.
Она што побуди внимание кај архитектот Иван Стојковски од скопско Маџир Маало е токму таа гравура на Скопје од 17 век, што се наоѓа на задната страна на стодинарката.
На банкнотата од сто денари Вардар тече угоре.
Тој за весникот ВЕЧЕР тврди дека е оригиналната што ја изработил Јакобус Харивејн – Антверпен, но е поставена во негатив.
-Сметам дека грешката е направена сосема случајно при лиењето на гравурата што може да се случи и денеска и покрај развиената технологија. Најверојатно тогаш таа грешка не била многу битна.
Можеби е направена грешка при пресликувањето или при копирањето. Затоа можеби до денеска таа грешка не е забележана,
а сликата се експлоатира автоматски со погрешна визура, како што впрочем е и на банкнотата од сто денари, вели Стојковски за весникот ВЕЧЕР.