Српскиот министер за одбрана Милош Вучевиќ изјави дека по наредба на претседателот Александар Вучиќ, војската на Србија е во состојба на готовност и дека е подигнато нивото на борбена готовност поради ситуацијата на Косово.
Вучевиќ во гостувањето на телевизијата Хепи изјави дека Србија е сериозна земја и затоа никој не треба да игра „воени игри“.
-Не можеме да бидеме опуштени, а се залагаме за дијалог, посочи тој.
Тој рече дека армијата е подготвена да ја изврши секоја наредба на Вучиќ, кој е нејзин врховен командант, заштитувајќи ги сите граѓани на Србија, вклучително и Србите на Косово, „и во тоа никој не треба да се сомнева“.
-Србија е за дијалог. Подобро е да се преговара илјада дена, отколку еден ден да се биде во ров, рече Вучевиќ.
Тој предупреди дека кога Србија зборува за мир и стабилност, тоа не значи дека е слаба или кукавица, бидејќи нејзината армија е многукратно посилна отколку што била, и дека постапува според наредбата на шефот на државата и претседателот.
-Бевме јасни, и јавно и приватно дека меѓународната заедница, вклучително и САД, бара целосно одложување на спроведувањето на овие прашања.
Не гледаме делумно одложување. Не гледаме фазна имплементација. Меѓународната заедница побара од владата на Косово целосно да го одложи спроведувањето, подвлече Прајс.
Тој рече дека САД ќе останат во близок контакт со своите партнери во регионот и со ЕУ.
-Ги охрабруваме Косово и Србија да продолжат да учествуваат во дијалогот, кој се води со посредство на ЕУ, рече Прајс.
Српскиот вицепремиер и министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, синоќа истакна дека српската влада нема да ги повика Србите од Косово да ги прифатат „РКС“, регистарски таблички и да нема да дозволи закани и погроми врз српскиот народ.
-Како што слушнавте од претседателот Вучиќ, ние сакаме компромис, не сакаме да направиме ниту еден потег што би се протолкувал како инцидент или провокација, но слушнавте и дека самите Срби ќе ги бранат своите интереси.
Србија сигурно нема да дозволи никој да се заканува или да изврши погром врз Србите – рече Дачиќ.