Вонредна вест: Дојде денот Д? Руските воени лидери на состанок за „нуклеарен напад“

Високи руски воени представници и генерали на руската армија неодамна разговарале околу тоа кога и како Москва би можела да употреби тактичко нуклеарно оружје во Украина, наведуваат американски официјални лица.

Рускиот претседател Владимир Путин не учествувал во разговорите, кои се воделе во време на се поинтензивната руска нуклеарна реторика и неуспесите на бојното поле,

пишува Њујорк Тајмс, кој се повикува на тајни документи на американската администрација.

Фактот што високи руски воени преставници водат разговори на оваа тема ја вознемири администрацијата на Бајден бидејќи покажува колку се

фрустрирани руските генерали од нивните неуспеси на теренот и сугерира дека прикриените закани на Путин за употреба на нуклеарно оружје можеби не се само закани туку можеби и одредена најава.

Сепак, американските власти досега не виделе докази или евентуални наводи дека Русите распоредуваат нуклеарно оружје или преземаат други тактички мерки за да се подготват за напад.

Директорот на ЦИА, Вилијам Барнс изјави дека „потенцијалниот очај“ на Путин да победи во Украина и неуспесите во војната може да ја наведат Русија да употреби нуклеарно оружје, додека од администрацијата на Бајден засега одбиваат да ги коментираат наводите.

Пентагон проценува дека Русија има залихи на 2.000 тактичко нуклеарно оружје, кое е дизајнирано да се користи на боиштата за да ги совлада конвенционалните сили.

Тактичкото нуклеарно оружје никогаш не било користено во борба, но може да се распореди на многу начини, вклучително и ракетна или артилериска граната.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде