Голема промена на времето: Следуваат поројни дождови – ЕВЕ КОГА

Викендов ќе имаме пообилни врнежи, засилен ветер и заладување. 

Под влијание на циклонска активност од Медитеранот,  викендов ќе преовладува облачно време со поремени врнежи од дожд, кои на некои места ќе бидат поројни и обилни и до над 35 литри на квадратен метар.

Како што соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи, врнежливо ќе биде особено од сабота кон крајот на денот до недела претпладне.

„Во сабота ќе дува засилен, повремено силен ветер (над 65 километри на час) од југоисточен правец.

Дневната температура до недела насекаде ќе опадне за околу 10 степени“, соопшти УХМР. 

Инаку, досега имавме невообичаено топло време за овој период од годината. Дневните температури се искачуваа до 26, 27, 28 степени. 

Слично време најави и метео-прогнозерот Славчо Поповски:

До овој петок времето во Македонија ќе се задржи стабилно, суво и НАТПРОСЕЧНО ТОПЛО со максимални дневни температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 27 степени.

Во Скопје и околината исто така до овој петок ќе се задржи стабилно, суво и сончево време со мала до умерена облачност. Температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 23 и 24 степени, вели Попоски.

За време на викендот територијата на Македонија ќе биде под влијание на циклон од Медитеранот и истиот ќе услови ПОИНТЕНЗИВНИ врнежи од дожд и засилен ветер од југоисточен правец.

Локално ќе наврне ЗНАЧИТЕЛНО КОЛИЧЕСТВО на воден талог (околу 40 л/м2). Температурите ЗНАЧИТЕЛНО ќе опаднат и тоа дури за околу 10 степени во споредба со сегашните и особено во недела истите ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 16 степени, вели Поповски.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде