Фејсбук статус на актерот Сашо Тасевски кој ја обиколи Македонија:
Колку сме глупи.
Ќе фатат добра лекарка во криминал, министерот ќе побара оставка од неа, оваа ќе ја даде, јавноста фаќа, сеир пресреќна за оставката, ама и докторка пресреќна си ги троши парите без да одговара за криминалот.
Од друга, страна некој ко Стојменов ќе каже мpтов ладен како пред 23 години му носел милиони евра од донации на Љубчо Бугарче то на рака како на партиски шеф,
јавноста ќе каже вауууу, овој Љубчо ќе му врати на Стојменов дека исто бил ѓубре и криминалец…. И толку.
Нема обвинител да им рече, дојдете сега и двајцата ваму, нема реакција од законот, ние пак пресреќни за сеирот што сме го фатиле, а Стојменов и Љубчо богати ко пиратски бродови.
Не постои друга држава во Европа со вакви глупаци како нас.
Наместо да излеземе со ластегарки и еден по еден да ги сотреме од ќутек, ние мастурбираме пред ТВ-то на нивните препукувања и фалења кој појше пари украл и како мангупски ги украл.