Жена од Кавадарци на возраст од 33 години синоќа била лишена од слобода, откако поранешниот сопруг ја пријавил во полиција, бидејќи му го демолирала домот.
Според извори на истрагата, таа дошла кај поранешниот сопруг и започнала да крши наоколу, па настрадал телевизорот и други предмети од домаќинството.
Од СВР Велес за „Фокус“ го потврдија случајот.
-На 03.11.2022 околу 21.30 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци ја лишиле од слобода Ц.Ј.(33) од Кавадарци затоа што во домот на поранешниот 34-годишен сопруг во Кавадарци и оштетила повеќе предмети. Таа била приведенa во Полициска станица во Кавадарци и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок – информираат од таму.
Извор: Фокус.мк
Слична содржина
Драма помеѓу пензионери: Дедо ја нападнал својата сопруга, полицијата интервенирала
Наcилcтво избувнало во домот на повозрасна брачна двојка во Тетово, а мажот ја нападнал сопругата со тврд предмет, соопштија од МВР.
„СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Б.(65) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда” при семејно наcилcтво.
На 11.08.2022 во семејниот дом, пријавениот со тврд предмет ја нападнал неговата 68-годишна сопруга“, велат од полицијата.