На 03.11.2022 во шумскиот појас во атарот на кичевското село Цветорача, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода Б.В.(24) од Кичево.
Тој бил затекнат од патрола на Шумската полиција и шумочуварската служба при нелегален транспорт на огревно дабово дрво што го вршел со џип.
Притоа, во обид да бега, Б.В. со автомобилот удрил во службеното возило на Шумската полиција, а потоа нападнал службеник на Шумската полиција.
Против него, по целосно документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Слична содржина
Го изнервирале: Маж истепал три леца, викнале полиција па нападнал и еден од нив
СВР Штип поднесе кривична пријава против Е.М.(36) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „насилство“ и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.
На 20.08.2022 околу 01.00 часот на бензинска пумпа во Кочани, пријавениот физички нападнал три лица, а по пристигнување на полициските службеници физички нападнал и еден од нив.