Крадец на дрва удрил во возило на шумска полиција, па се степал со нив – вистинска драма се случувала во селото Цветорача, кичевско

На 03.11.2022 во шумскиот појас во атарот на кичевското село Цветорача, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода Б.В.(24) од Кичево.

Тој бил затекнат од патрола на Шумската полиција и шумочуварската служба при нелегален транспорт на огревно дабово дрво што го вршел со џип.

Притоа, во обид да бега, Б.В. со автомобилот удрил во службеното возило на Шумската полиција, а потоа нападнал службеник на Шумската полиција.

Против него, по целосно документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни пријави. 

Слична содржина

Го изнервирале: Маж истепал три леца, викнале полиција па нападнал и еден од нив

СВР Штип поднесе кривична пријава против Е.М.(36) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „насилство“ и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.

На 20.08.2022 околу 01.00 часот на бензинска пумпа во Кочани, пријавениот физички нападнал три лица, а по пристигнување на полициските службеници физички нападнал и еден од нив.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде