Неколку часови откако вчера семејствто алармираше дека исчезнал, бизнисменот Штерјо Наков бил пронајден од полицијата во село Орешани.
Поранешниот акционер на „Фершпед“ бил во нарушена здравствена состојба, но надвор од животна состојба.
Други детали од неговото семејство не се објавени.
Штерјо Наков беше 20 години директор на големата шпедитерска компанија „Фершпед“, која по приватизацијата прерасна во една од најуспешните фирми во Македонија.
Пред девет години се повлече од управувањето на компанијата.