На настанот којшто се случи во 3 и 30 часот на 31.10.2022, не претходеше ништо во однесувањето на пациентот, што би укажало дека може да предизвика ваков несреќен случај, велат од Дигестивна хирургија.
„72 годишниот пациент по направената хируршка интервенција покажуваше добра општа и ментална состојба, тој беше комуникативен и соработлив пациентот.
Само покажал отпор кон поставениот уринарен катетер и на моменти одбивал да прима терпаијата, но не покажал знаци на ментално растројство“,
ова е дел од соопштението од страна на Дигестиванта хиругија за немилиот случај со пациентот кој падна од трети на втори кат на дигестивна.
На настанот којшто се случи во 3 и 30 часот на 31.10.2022, не претходеше ништо во однесувањето на пациентот, што би укажало дека може да предизвика ваков несреќен случај.
За целиот настан веднаш беа известени органите на МВР, кои дојдоа на лице место и постапија во согласност со нивните надлежности и кои може да дадат дополнителни информации во насока на расчистувања на случајот, се вели во соопштението на Дигестивна хирургија.
Првично од полицијата беше потврдено дека овој случај е заведен како самоу6иство.
Семејството на починатиот кавадрчанец објаснува дека воопшто не им било укажано дека нивниот татко се самоу6ил.
Тие кога стигнале во понеделникот за да го земат пациентот им било кажано дека паднал од тереса.
Пациентот во саботата бил донесен како итен пациет и бил опериран поради проблеми со жолчка. По операцијата бил во добро здравје и требало во понеделникот да биде пуштен дома.
Од државниот санитерен инспекторат биле денеска на дигестивна хирургија и по направената контрола ќе достават извештај за несреќниот случај.
Извор: Канал 5