Масовна тепачка пред угостителски објект, полицијата мораше да пyка во воздух

Денеска во раните утрински часови поточно во 01.15 часот полициски службеници од ОВР Кочани ги лишиле од слобода Џ.Ц.(29), Џ.Б.(33), И.К.(27), М.М.(30), Д.Д.(21), Г.Т.(25) и Б.С.(22),

бидејќи пред угостителски објект во трговски центар во Кочани, по претходна расправија, започнале меѓусебна физичка пресметка

во која учествувале Џ.Б., М.М., К.А., И.К. и Џ.Ц. од една страна, а Л.Т., Г.Т., Д.Д. и Б.С., од друга, а бил употребен и стаклен предмет.

При полициска интервенција Џ.Ц. попречувала полициски службеник во вршење на службени дејствија.

Од полициски службеник во воздух биле испyкани два предупредувачки истрели, лицата биле приведени во полициска станица, а Џ.Б. и Л.Т.,

поради исеченици со кои се 3добиле при пресметката, биле пренесени во Општа болница Кочани.

Во координација со Јавен обвинител, по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, соопшти полицијата.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде