Повисоки сметки за струја од нова година. Со најавеното покачување на ДДВ-то од 5 на 10%, сметките на граѓаните ќе се зголемат за 4 до 5% во зависност од потрошувачката.
Првиот регулатор дециден – да се најдат други решенија кои нема да ги оштетат граѓаните.
– Според мене, треба и ние како РКЕ во наредниот период да направиме дополнителни анализи. Сега е време на криза, но и можност за креативни решенија со една цел –
да можеме на некој начин ова зголемување на ДДВ-то кое се најавува да го амортизираме и да излеземе во пресрет на барањата на домаќинствата, Марко Бислимовски, претседател на РКЕ.
Во пракса ова значи дека семејство што сега плаќа 2138 денари, на својата фактура има 5 отсто ДДВ од 93 денари.
Ако ДДВ-то скокне на 10%, оваа сметка би била повисока за дополнителни 93 денари, односно вкупниот долг ќе биде 2231 денар. Доколку се зголеми и цената на струјата, покачувањето ќе биде уште повисоко.
– Јас сум противник да кажуваме дека ќе има зголемување на цената. Прво треба да видиме како ќе заврши производството на ЕСМ оваа година, колкави приходи оствариле од продажба на вишоци, дали има потреба од увоз,
па потоа треба да видиме колкави ќе бидат потребите на домаќинствата, загубите и цените по кои ќе се снабдуваат, се со цел да ја знаеме реалната слика, Марко Бислимовски, претседател на РКЕ.
Последното поскапување на струјата од 7,4% во просек, беше пред 4 месеци кога беа воведени и блок тарифите според системот кој помалку троши – помалку плаќа.