Денес (5.11.2022) почина писателот Благоја Иванов, кој беше роден на 4 февруари 1931 година во Скопје. Благоја Иванов е македонски раскажувач, романописец, есеист, критичар и драмски автор.
Завршил Филолошки факултет во Скопје. Бил соработник, уредник и главен уредник на Културниот сектор на Радио Скопје и директор на Телевизија Скопје и професор на Факултетот за драмски уметности.
Бил уредник на списанието „Млада литература“ и главен и одговорен уредник на списанието „Разгледи“. Член на Македонскиот ПЕН центар.
Бил претседател на Друштвото на писателите на Македонија. Член на ДПМ од 1958 година. Добитник на наградите: „1 Мај“, на Недела на радио драмата на ЈРТ, „Рациново признание“, „Кочо Рацин“.
Автор е на книгите: Седум умирања (проза, 1956), Ноќ без починка (раскази, 1958), Црвено рондо (раскази, 1964), Патувања (лирски минијатури, 1969), Ветрови (роман, 1969), Соочувања (критики и есеи, 1971),
Три средби на разминување (радио и тв драми, 1973), Од онаа страна на заборавот (раскази, 1975), Една година и цел живот (роман, 1978), Современа драма и театар во Македонија (зборник, 1983), Бланка (проза, 1985), Малата врата на надежта (раскази, 1985), Маалски игри (роман за млади, 1989), Чекање на зората (роман, 1998),
Сватови (раскази, 2000), Сомнеж (роман, 2007), Раска в грло (раскази, 2011), Кораби (раскази, 2014), Актери автори (осврти), Птиците од дворот (раскази, 2015), Скопски дамари (антологија, раскази, 2020) и други.
Денес (5.11.2022) почина писателот Благоја Иванов, кој беше роден на 4 февруари 1931 година во Скопје. Благоја Иванов е македонски раскажувач, романописец, есеист, критичар и драмски автор.