Тажна вест утрово ја разбуди Македонија: Почина еден од учесниците во боpбите на Народноослободителната и антифашистичка војна во Македонија

На 95-годишна возраст почина Џафер Кадрија од тетовско Камењане во Општина Боговиње, еден од учесниците во Народноослободителната и антифашистичка војна во Македонија,

информираше Општинската организација на Сојузот на борци од Тетово.

„Почитувани граѓани, членови на боречката организација и нејзини продолжувачи, другари и другарки

Сојузот на борци од Тетово со голема тага и жал ја прими веста дека на 95 годишна возраст почина Џафер Кадрија од с. Камењане, еден од учесниците во Народноослободителната и антифашистичка војна во Македонија.

Кадрија како учесник во НОВ, учествуваше во борбите за конечно ослободување на Југославија во Далматинската бригада која стигна до границите на Италија и ослободувањето на градот Трст.

За своето учество во НОБ, оваа година од Претседателот на државата Стево Пендаровски беше одликуван со медал за храброст.

Нека му е вечна слава и фала“, напишаа од таму.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде