Како што веќе се зборува по естрадата, една од нашите најголеми музички ѕвезди Тамара Тодевска се разведува од својот сопруг.
Иако за оваа информација се шпекулираше подолго време, тимот на „Убавина и здравје“ ја потврди оваа вест. Имено, дознаваме дека Тамара и Мачка се одлучиле да се разделат, но да останат во добри и коректни односи, пред сѐ штитејќи го интересот на нивните две деца.
Тамара сметала дека е добро децата да одржуваат добра комуникација со својот татко и дека тој е дел од нивните животи.
За порталот Убавина и здравје Тамара во куса изјава ја потврди информацијата.
– Да, точно е дека се разделуваме, но апсолутно дека ќе одржуваме редовна комуникација. Ние имаме две деца, и многу е здраво и нормално децата да можат да растат и да поминуваат време и со својот татко.
Ова не е ниту прв ниту последен случај. Тоа што за мене искрено е многу важно, тоа се децата, нивните права и интереси да останат заштитени. Јас ја разбирам работата на медиумите и потребата од ексклузивни информации, но во овие моменти најмногу мислам на децата, кои сакам да останат на страна од оваа приказна, особено од медиумски преписки и слично.
И Хана и Дарен посетуваат училиште, градинка, веќе не се мали, разбираат и одговорноста на мене и Мачка е голема, пред сѐ да ги заштитиме нив, вели Тодевска.
Извор: Убавина и здравје