СЕ ПОЈАВИ ВОЗНЕМИРУВАЧКА СНИМКА: Комбе што доаѓаше од спротивната страна прегази малолетно девојче во Нови Пазар

Девојка (15) од околината на Пештер е у6иена утрово околу 6 часот и 45 минути во Нови Пазар кога на неа налетал малолетник возач на „голф 6“, по што паднала под тркалата на комбе што доаѓало од спротивната насока.

На социјалните мрежи се појави видео од сообраќајна несреќа во Нови Пазар.

На мошне вознемиpyвачко видео се гледа како девојка ја преминува улицата на обележан пешачки премин кога во неа удри автомобил голф управуван од тинејџер (17) кој наводно возел со пробна дозвола.

Девојката излетала во воздух, а потоа паднала на асфалтот директно под тркалата на белото комбе кое ја прегазило.

Починатата тинејџерка била на пат за средно училиште, а живеела кај роднините за да и го олесни образованието.

Полицијата во Нови Пазар уапси малолетник возач на автомобил, како и возач на комбе од тој град, кој е осомничен дека со своето возило го прегазил телото на девојчето.

Вишиот суд ќе нареди подготвителна постапка за малолетникот, а за неговиот случај ќе одговара Вишото јавно обвинителство, додека за возачот на комбето по рочиштето ќе се утврди кој ќе го преземе неговиот предмет.

Возачот на комбето се товари за кривично дело неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода.

Видеото можете да го погледнете на следниот ЛИНК

Извор: Курир.рс

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде