Mу дал 180.000 денари на непознат човек да се пофали пред пријател – па не ги видел парите!

Дедо од Охрид му дал 3.000 евра, кои ги позајмил од пријател, на непознат човек кој го замолил за парите за со нив наводно да се пофали пред пријател од странство.

Откако измамникот избегал, повозрасниот охриѓанец сфатил дека е измамен, соопшти МВР.

„Вчера во 13.40 часот во СВР Охрид, 91-годишен охриѓанец пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 3.000 евра.

Според пријавеното, околу 11.30 часот на бул.„Македонски просветители“ лицето започнало разговор со него и побарало да му даде пари за да ги покаже на негов пријател од странска земја“, велат од полицијата.

„Како што е пријавено, тој ги зел парите од негов пријател и откако му ги дал, лицето заминало и не се вратило, по што сфатил дека е измамен“, додаваат од МВР, заедно со информацијата дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде