НАЈНОВА ВЕСТ: СЕ УРНА ХЕЛИКОПТЕР НА БРЗА ПОМОШ, ЕДНО ЛИЦЕ ЗАГИНА – ТРАГЕДИЈА ВО РУСИЈА

НАЈНОВА ВЕСТ: СЕ УРНА ХЕЛИКОПТЕР НА БРЗА ПОМОШ, ЕДНО ЛИЦЕ ЗАГИНА – ТРАГЕДИЈА ВО РУСИЈА

Хеликоптер за брза помош се урна во руската област Волгоград, при што загина едно лице, потврдија за руската државна новинска агенција „ТАС“ регионалните служби за итни случаи.

„Се урна медицински хеликоптер, еден член на екипажот загина“, изјави претставник на итната помош.

Тој додаде дека хеликоптерот се урнал на враќање кон базата. Пилотот загинал на лице место, а освен него немало други патници. Хеликоптерот се урнал надвор од населено место.

Рускиот истражен комитет потоа извести дека соборениот хеликоптер Ансат и телото на 56-годишниот пилот биле пронајдени во раните утрински часови во близина на селото Ерзовка, во регионот на Волгоград.

Украинска Правда сподели видео на Твитер на кое се гледа местото на несреќата и уништениот хеликоптер.

Ц

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде