Тажна вест: Почина познатиот политичар, се огласи и Стево Пендаровски

Претседателот на државата, Стево Пендаровски изрази сочувство до семејството на францускиот политичар Франсоа Леотар и до францускиот народ за загубата,

откако беше пренесена веста дека тој починал на 81-годишна возраст.

„Франсоа Леотар ќе биде запаметен по важната улога во склучувањето на Охридскиот рамковен договор.

Неговата поддршка ни беше значајна, како и поттикот дека македонското општество може демократски да се развива“, сподели претседателот.

Леотар е поранешен министер за култура и одбрана во Франција, а на македонската јавност ѝ е познат како еден од двајцата „олеснувачи“ во преговорите за Охридскиот рамковен договор во конфликтната 2001 година.

Леотар беше специјален претставник на ЕУ, додека другиот „олеснувач“ беше Џејмс Пердју од САД, кој почина во јуни 2021 година.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде