Тешка сообраќајна несреќа: Три лица итно пренесени во болница, со автомобил управувал малолетник

Тешка сообраќајна несреќа: Три лица итно пренесени во болница, со автомобил управувал малолетник

Три лица се повредени, меѓу кои и малолетен возач, во сообраќајна несреќа која вчера вечерта се случила на крстосницата од бул.„Босна и Херцеговина“ и ул.„Ќемал Сејфула“ во Скопје.

МВР информира дека во несреќата учествувале „Ауди а4“, управувано од А.Т.(22) од Скопје и „пежо 107“, управувано од малолетник од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. 

Со телесни повреди се здобиле возачот А.Т. и сопатник од истото возило, З.А.(22) од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, велат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде