Промената на временските прилики и ниските температури изминатата ноќ резултираа со нова снежна покривка на скијачко-рекреативниот центар Попова Шапка.
Луѓето од сместувачките капацитети и угостителски објекти на социјалните мрежи споделија фотографии од новата снежна атмосфера на Попова Шапка.
– Зимата никако да си оди. Ноќеска наврнаа 10-20 сантиметри снег на Попова Шапка. Но овој снег е мек и нема да биде добар за скијање.
Со снегот имаме само прилика за нови фотографии преку кои ќе доловиме една снежна бајка на скијачкиот центар, изјави за МИА менаџер од угостителско-сместувачкиот објект „Конак“.
Ски-центарот Попова Шапка инаку уште на 19 март извести дека поради високите температури и немањето соодветни услови за скијање, официјално се затвора зимската сезона. (МИА)
Фото: Конак, Попова Шапка