Вчера биле приведени две лица од Скопје, кои најпрво вербално ги нападнале полицајците, а потоа се обиделе и физички да се пресметаат со нив.
-На 25.04.2023 во 18.20 часот на ул.„.Александар Урдаревски“ во Скопје, полициски службеници ги привеле И.Т.(43) и И.Т.(46), двајцата од Скопје, затоа што по претходно случена сообраќајна незгода го нарушиле јавниот ред и мир, агресивно се однесувале кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија и се обиделе физички да ги нападнат, информира МВР.
Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.