Министерството за внатрешн работи информира дека на 24.04.2023 во 19.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Ѓ.М.(42) од Кавадарци.
Тој се сомничи дека околу 19.00 часот од терасата од својот дом со воздушен пиштол „колт“ испукал неколку дијаболи кон патот и кон терасата на негов сосед од Кавадарци.
– Лицето било приведено во полициска станица, а пиштолот и дијаболите му биле одземени, информира МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следи соодветна пријава.