Нова несреќа: Автомобил прегази велосипедистка

Жена од Гевгелија доби тешки телесни повреди кога во неа вчера удрил автомобил на улицата Ванчо Прќе.

„’Фолксваген лупо’, со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Н. А. (20) од Гевгелија, удрило во велосипед управуван од Т. А. (54) од Гевгелија.

Во несреќата тешки телесни повреди добила велосипедистката, констатирани во Медицински центар во Гевгелија“, велат од МВР.

Увид на местото извршила екипа на Одделението за внатрешни работи Гевгелија.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде