Утрово на социјалната мрежа Фејсбук беше испратен апел за акција која се организираше за пронаоѓање на исчезнато лице во околината Македонска Каменица.
На ден 25.04.2023 околу 16.00 лицето Трајан Атанасовски род.1973 година во с.Дулица бил козар И истиот не се вратил дома .
Се пртпоставува дека е на потегот од с. Дулица Маала Јуковци према с. Цера маалите Колевци И Јангелковци потребни се луЃе за претрес на теренот И теренски воила за превоз на луѓето.
Ги замолуваме сите сто се слободни ловци членови на Хантер Бизиково како и луѓе сто го познаваат гореспоменатиот терен ,како и добри одаци ,
да се јават кај мене на 071373263 за да направиме список , за да денеска доколку временските услови дозволат или утре да се премине теренот и да се најде човекот доколку е на истиот, стои во апелот објавен од Александар Дончевски.
По неколку часа Дончевски во коментар објави дека лицето е пронајдено, за жал мртво.
Благодарност до сите што се заангажираа,покажавме уште една ажурност и подготвеност за помагање при решавање на проблеми од општа потреба,пронајден е човекот, за жал починат. Бог да го прости, напиша Дончевски.