Уште една тешка сообраќајка на македонските патишта, едно лице итно пренесено во болница

На 26.04.2023 во 00.30 часот во СВР Струмица било пријавено дека на регионален пат Радовиш – село Ораовица,

на место викано „Рудина“, В.Г.(46) од село Радичево, општина Василево, управувајќи патничко возило „рено клио“ со словенски национални ознаки, излетал од коловозот, информира МВР.

Во Здравствен дом Радовиш кај возачот биле констатирани тешки телесни повреди,

а увид на местото извршила екипа на Одделението за внатрешни работи Радовиш.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде