Човекот кој паркираше на патот покрај шумата, сигурно не можеше да замисли дека неговиот автомобил ќе го посети, ни помалку ни повеќе, од мечка!
Како што може да се види на видеото, мечката излегува од шумата, доаѓа до автомобилот, а потоа полека ја отвора вратата и влегува во автомобилот. Потоа седи на задното седиште и одмара таму некое време.
Tired bear opens car door and climbs inside — to have a snooze pic.twitter.com/bEPD4OV5gi
— The Sun (@TheSun) February 27, 2020
Денес исто така медиумите пренесуваат за напад мечка на маж кој шетал своето куче.
Жртвата не добила сериозни повреди, а од Општината за словенечката телевизија „Н1“ рекле дека веќе стапиле во контакт со надлежните и чекаат повратна информација.
Ногата на мажот ја повредила мечката, но според засега достапните информации, неговиот живот не е во опасност, а мечката, по инцидентот, се повлекла во шумата.
Од Општината не знаат дали се работи за истата мечка во која удри возило минатата недела во овој регион. Повредената мечка побегнала во шумата.