Драмата во белградската населба Жуце, кога маж се полил со бензин и се заканувал дека ќе се самозапали, завршила кога полицијата успеала да го спречи да се самоубие, дознава Нова.рс.
Според информациите на порталот НОВА, драмата се случила недалеку од куќата во која живее.
По разговорот со полицијата, мажот се откажал од трагичниот чин и и се предал на полицијата.
Полицијата најверојатно ќе го однесе во надлежна институција, најпрво да се провери неговата здравствена состојба.