Македонија на нозе: Исчезна младо момче, се бараат луѓе за потрага

39-годишниот Мелхим Азизоски од кичевското село Пласница е исчезнат, а неговиот брат Јашар Азизоски го пријавил исчезнувањето.

Градоначалникот на општина Пласница, Алија Јаоски, преку социјалните мрежи ги повикува граѓаните да помогнат во потрагата по исчезнатиот човек.

„Од страна на лицето Јашар Азизоски е пријавено исчезнувањето на неговиот брат Мелхим Азизоски од село Пласница.

Поради тоа ве повикувам сите да се здружиме и да ги пребараме сите напуштени куќи и места на територија на општина Пласница.

Ако имате какви било сознанија, обратете се на најблиските“ напиша Јаоски.

Мелхим (39) е исчезнат веќе два дена. Како што информираат од семејството, Мелхим домот го напуштил околу 7 часот наутро на 24.04.2023 кога тргнал за на работа,

облечен во работничка униформа, висок околу 1.65 цм. Од тој миг му се губи секаква трага.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде